Skip to main content

Најмалку петмина загинати при експлозија на бомба во Дамаск

Најмалку пет луѓе загинаа, а 16 се повредени при експлозија во главниот град на Сирија, Дамаск.

Претходно, сириската државна телевизија јави дека инцидентот се случил кога била активирана бомба во кафуле во близина на Судската палата во Дамаск.

Засега не се познати детали за нападот, а и ниту една група не презела одговорност.

Во Дамаск, по соборувањето на претседателот Башар ал Асад во декември 2024 година, извршени се неколку терористички напади, од кои најсмртоносниот беше кога во бомбашки напад врз црка загинаа 25 луѓе. 

Поврзани вести