Skip to main content

Украина првпат од почетокот на војната ќе извезува оружје

Владата на Украина го одобри првиот транспарентен механизам за извоз на оружје, со кој ќе им се помогне а домашните одбранбени компании да останат во бизнисот и да ја развијат индустријата на долг рок, изјави украинскиот министерот за одбрана Мајкило Федоров.

Првпат е воспоставена јасна постапка што дефинира унифицирани правила за државата, производителите и партнерите, објави Федоров на платформата Телеграм.

Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, во Украина се појавија голем број иновативни воено-технолошки компании, но владата досега го блокираше нивниот извоз. Украинските одбранбени компании сега произведуваат повеќе оружје отколку што државата може да купи, поради што повикаа на отворање на извозни пазари за да се обезбеди финансиска стабилност и понатамошно проширување.

Според Федоров, механизмот ќе „обезбеди украинските производители да имаат јасни правила за соработка со меѓународните партнери, да можат да го зголемат производството и да привлечат инвестиции, а воедно да гарантираат приоритет за задоволување на потребите на украинските одбранбени сили“.

Извозот на оружје и технологија ќе биде ограничен на земјите што учествуваат во иницијативата на украинската влада позната како „Договор за беспилотни летала“. Договорот е потпишан од 27 земји, вклучувајќи и 15 земји-членки на НАТО. 

Поврзани вести