
Москва гледа сериозен обид на американската администрација да реши низа прашања, внимателно следејќи ги нејзините изјави за украинските прашања.
Ова е прва изјава на руското Министерство за надворешни работи по првиот дел од разговорите во Ријад.
Како што е најавено, на крајот од состанокот кој треба да заврши денеска, се предвидени изјави на лидерите на средбата Лавров и Марко Рубио
Да потсетиме дека делегациите од Русија и САД денеска одржуваат состанок во Ријад, Саудиска Арабија на кој се договора да отпочнат преговорите за Украина, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, кој е дел од руската делегација.
На преговорите во Ријад присуствуваа руски и американски делегации, а Украинците не беа поканети.
Преговарачкиот тим на Путин во Ријад се состои од: Сергеј Лавров, руски министер за надворешни работи и Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател.
Американскиот тим во Ријад ги вклучува државниот секретар на САД Марко Рубио, Стив Виткоф, специјален пратеник на Трамп за Блискиот Исток и Мајк Волц, советник за национална безбедност.