Skip to main content

Meркел се уште го поддржува неконторлираното доаѓање на мигранти во Германија

 Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека е изненадена што и понатаму ја критикуваат за нејзината политика кон мигрантите и за фразата „Ние го можеме тоа“, велејќи дека стои зад неа, бидејќи ѝ е важно човечкото достоинство.

Во документарец на АРД „10 години – Ние го можеме тоа!“, Меркел вели дека морала тоа да го направи „со човечко достоинство“ и дека за неа „пристапот кон прашањето е важен“, пренесува „Тагесшау“.

Поранешната канцеларка ги изговори познатите зборови „Ние го можеме тоа“ на 31 август 2015 година, откако ги отвори границите и дозволи стотици илјади бегалци и мигранти да влезат во Германија.

Се навраќам на тоа и сфаќам дека тоа беше посебна одлука со која се соочив. Но, исто така, во последните години повеќе пати бев изненадена колку често тие зборови, „Ние го можеме тоа“, ми беа возвратени. Тие не требаше да изразат ништо друго освен дека се соочуваме со огромна задача, рече Меркел во единственото телевизиско интервју што го даде по повод десетгодишнината од отворањето на германските граници за бегалците и мигрантите.

Таа вели дека ѝ е јасно дека нејзината одлука „натерала луѓе да се приклучат на Алтернатива за Германија (АфД)“, која е основана во 2013 година, и дека „сигурно го зајакна АфД“, но дека тоа не било причина да не се направи нешто што го сметала за исправно, важно и хумано.

За време на разговорот, Меркел се дистанцира од пресвртот во политиката на демохристијаните (ЦДУ) и нивното затворање на границите за мигрантите.

Ова е процес, но досега многу постигнавме. А она што сè уште треба да се направи, мора да продолжи да се работи, рече таа.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц неодамна на прес-конференција ја оцени лошо својата претходничка од ЦДУ кога го прашаа дали Германија навистина успеала во политиката кон мигрантите.

Денес знаеме дека очигледно не успеавме во областа на која Меркел тогаш мислеше, рече Мерц

Поврзани вести