Skip to main content

Мапа на вкупната потрошувачка инфлација во главните светски економии од 2020 до 2025 година

Истражувачкиот центар на „Дојче банк“ изготви извештај за глобалната инфлација во изминатите пет години, во кој е изработена мапа којашто ја прикажува вкупната потрошувачка инфлација во главните економии од 2020 до 2025 година.

Во Аргентина се гледа екстремна стапка на инфлација од 2.164%.

Турција (464%) и Египет (116%) исто така забележауваат значителен агрегатен раст, додека Русија има 44%.

Инфлацијата е проблем за многу земји во последните пет години. Нејзината причина не е поврзана само со рекордни буџетски дефицити, туку и со цела низа немонетарни фактори.

Сепак, ниската инфлација го влошува долгот на корпорациите и поединците. Пониските каматни стапки, оправдани со ниската инфлација, овозможуваат поевтино сервисирање на долгот и подолги периоди на отплата, но самиот долг не станува помал.

Ниската инфлација им користи на доверителите, а не на заемопримачите; и на сопствениците на недвижности, а не на закупците. Таа, исто така, придонесува за социјалната стратификација што е забележана во Европа во текот на изминатата деценија.

Поврзани вести