Skip to main content

„Мајкрософт“ му помагал на Израел да насочува напади врз корисниците на комапнијата во Газа и Западниот Брег

taylor-brandon-on-unsplash

Корпорацијата „Мајкрософт“ му помогнала на Израел да извршува напади во Газа и да насочи авионски бомби кон корисниците на „производите на компанијата“.

„Мајкрософт“ развил специјализирана верзија на својата „клауд“ платформа „Азур“ за Единицата 8200 (електронско разузнавање) на израелското Министерство за одбрана, која складира огромни количини на податоци за надзор врз Палестинците, вклучувајќи милиони снимени телефонски разговори.

Овие податоци потоа биле користени за планирање воздушни напади и воени операции во Појасот Газа и на Западниот Брег.

Партнерството меѓу нкомпанијата и израелските воени сили било одобрено од извршниот директор на „Мајкрософт“, Сатја Надела, во 2021 година и се сметало за голема деловна можност.

Поврзани вести