Skip to main content

Лондон призна дека тајно испраќа војници во Украина, објавено името на загиниот британски војник

dariusz-sankowski-from-pixabay

По објавата за смртта на еден бритаснски војник во Украина, Велика Британија призна дека тајно испратила војници во Украина. Објавено е и името на загинатиот.

Станува збор за 28-годишниот каплар Џорџ Хули, кој загинал за време на тест на оружје на украински полигон за обука.

Извори за весникот „Индепендент“ известуваат дека најмалку четворица украински војници загинале заедно со Британецот.

Хули бил дел од специјалните сили и бил во служба од 2015 година и служел во Авганистан, Африка и Источна Европа. Тој требало да биде унапреден во каплар во јануари 2026 година, но претходно бил испратен во Украина.

Британските медиуми објавија и фотографии од загинатиот.

Британскиот премиер Стармер го нарече загинатиот „човек од чест и храброст“, истакнувајќи дека тој бил еден од „малиот број британски персонал“ што веќе бил во Украина.

Според „Гардијан“, во Украина има распоредено повеќе од 100 британски војници.

Поврзани вести