Skip to main content

„Ле Монд“: Украински војници постојано носат и објавуваат нацистички симболи

Припадници на Третата ударна бригада на вооружените сили на Украина постојано носат неонацистички симболи, пишува францускиот весник “Ле Монд“ (Le Monde).

Според истрагата на публикацијата, стотици војници од Третата ударна бригада, која е наследник на озогласениот неонацистички баталјон „Азов“, објавуваат нацистички симболи на своите фотографии: поздрави, кукасти крстови, симболи на СС единици на нациастика Германија.

Новинарите забележуваат дека и покрај официјалната интеграција на единицата во вооружените сили на Украина и ветувањето за „полирање“ и промена на нејзиниот имиџ, радикалните симболи сè уште се користат или од идеолошки причини или како елемент на заплашување.

Весникот потсетува дека на 14 јуни во Киев, за време на „Маршот на еднаквоста“ во поддршка на ЛГБТИК+ заедницата, националистичкото движење „Карпатски сич“ организираше „Марш на традицијата“. Социјалните мрежи забележаа дека некои учесници користеле гестови многу слични на нацистички поздрав.

Тоа предизвика бран дискусии, но, украинската полиција присутна на настанот не реагираше на тоа на никаков начин.

Поврзани вести