
Косово почна да прима мигранти депортирани од САД, кои не се по потекло од Косово, изјави доцна синоќа техничкиот премиер Албин Курти.
Косово се согласи со барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп во првиот бран да прими 50 депортирани лица.
Ги прифаќаме оние што САД не ги сакаат на своја територија, рече Курти за телевизиската станица Канал10.
Потеклото на депортираните лица е непознато.
Курти рече дека досега во Косово пристигнале само едно или две лица депортирани од САД.
Косово се согласи да прими 300 странски затвореници од Данска почнувајќи од 2027 година во замена за 210 милиони евра во текот на следните десет години.
Дополнително, Косово изрази интерес за прием на депортирани лица од Велика Британија

Македонски






