
По средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, Кина ја повтори својата позиција за политичко решение на војната во Украина, нагласувајќи дека ги поддржува сите напори насочени кон воспоставување траен мир, објавуваат украинските медиуми.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, изјави дека официјалната позиција на Пекинг за ова прашање е „конзистентна и јасна“.
„Кина отсекогаш верувала дека дијалогот и преговорите се единствениот можен начин за решавање на украинската криза“, рече Мао, користејќи ја терминологијата што ја користи Кина за да ја опише руската агресија.
-Ќе продолжиме да ги олеснуваме мировните преговори и политичкото решение на кризата, додаде таа.
Според „Аксиос“, рускиот лидер Владимир Путин изјавил за време на средбата со Доналд Трамп на 15 август дека не е против безбедносните гаранции за Украина и конкретно ја споменал Кина како една од земјите што би можеле да обезбедат такви гаранции.
На почетокот на август, Трамп се закани дека ќе воведе дополнителни тарифи не само за Индија, туку и за други земји што купуваат руска нафта, вклучително и Кина.