
Владата на Јапонија денеска презентираше пакет итни економски мерки за сузбивање на негативните ефекти од новите американски царини воведени од американскиот претседател Доналд Трамп.
Пакетот олеснувања се состои од пет столба, вклучувајќи поддршка за корпоративно финансирање и чекори за стимулирање на потрошувачката, а владата, исто така, вети дека ќе ја намали цената на бензинот и дизелот за 10 јени по литар, ќе обезбеди субвенции за сметките за енергија и ќе го разгледа обемот на кредити со ниска камата за мали компании од следниот месец, пренесува Кјодо.
Постои загриженост дека царините на Трамп би можеле негативно да влијае на јапонскиот извоз и да нанесат штета на целокупната економија на таа земја.
Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба за време на состанокот во Владата ги повика официјалните претставници да вложат максимални напори за ублажување на влијанието на повисоките американски царини.
„Американските царини би можеле значително да и наштетат на домашната индустрија која е во основата на нашата нација, како што се автомобилите и челикот“, рече Ишиба и тврдеше дека е потребно Токио и Вашингтон да соработуваат.