
Израелска шпионка, која се наоѓа во притвор во Ирак ќе биде разменета за Иранец и шест Ирачани. На крајот на мај, арапските медиуми објавија дека, по интензивните напори и значајното американско вклучување во преговорите со ирачката влада и разните фракции на отпорот, се очекува ослободување на Елизабет Цурков, израелска шпионка притворена во Ирак.
Според пишувањето на медиумите, во замена за нејзиното ослободување, ќе биде ослободен Иранец, веројатно Мохамед Реза Нури, заедно со шест Ирачани притворени за напади врз американски интереси во Ирак.
Како одговор на веста, сестрата на Елизабет Цурков изјави дека на семејството Цурков не му се откриени точни или официјални информации во врска со ситуацијата.
Според медиумите, Багдад и Вашингтон наводно постигнале договор во врска со случајот на Цурков по неодамнешната посета на ирачки безбедносен службеник на САД. Според овој договор, Чурков ќе биде префрлена во неутрална земја пред нејзиното конечно ослободување.