Skip to main content

Израел тврди дека го убил командантот на Хамас, одговорен за нападот од 7 октомври

Facebook/Benjamin Netanyahu

Израелската војска соопшти дека убила висок командант на Хамас во Појасот Газа, кој работел на обнова на капацитетите и производството на оружје на палестинската група.

Во соопштението не е наведено името на убиеното лице.

Сепак, израелските медиуми „Тајмс оф Израел“ и „ynet“ објавија дека цел на воздушниот напад бил Раад Саад, висок командант на палестинската организација, кој бил убиен во Појасот Газа.

Саад наводно бил главниот планер на нападот на Хамас од 7 октомври 2023 година врз јужен Израел, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а над 250 беа заробени и однесени во Појасот Газа. 

Поврзани вести