Skip to main content

Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници

Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат ослободени од израелските затвори во првата фаза од договорот за ослободување заложници во замена за три жени кои ги држеше палестинската милитантна група Хамас, јавија израелски медиуми.

Првото ослободување на заложниците е закажано за в недела во 16 часот по локално време.

Воениот кабинет на Израел денеска гласаше за одобрување на договорот за ослободување на заложниците и прекин на огнот со Хамас што беше постигнат синоќа во Доха, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Поврзани вести