
Македонската женска одбојкарска репрезентација го претрпе и петтиот пораз во годинашново издание од Европската лига откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од Хрватска со 3:0 (25:15; 25:12 и 25:15) во сетови. Противничките кои важеа за фаворитки ја потврдија улогата и со игра без осцилации стигнаа до третата победа.
Во средината на првиот македонските одбојкарки одиграа најквалитетно и направија серија од 5-1, но сепак предноста на противничките беше превисока за пресврт. Во вториот сет Хрватска имаше доминација во сите елементи на одбојкарската игра и на убедлив начин го добија сетот. Третиот сет почна со убедливи 6:0 предност за Хрватска, а таа предност Хрватска со неколку серии ја зголемуваа и на крајот сетот заврши со 25:15.
Утре со почеток во 19 часот во Скопје, ќе играат Словенија и Хрватска, додека в недела е последниот натпревар на македонскиот национален тим. Ривал ќе ни биде Словенија, селекција која во Скопје допатува како второпласирана во Европската лига без пораз и четири победи

Македонски



