Skip to main content

Македонските одбојкарки против Грција на отворањето на Медитеранските игри

Македонската женска одбојкарска репрезентација својот настап на претстојните Медитерански игри ќе го почне против Грција, соопштија денеска италијанските организатори.


Македонската репрезентација е дел од групата Б, а натпреварите од групната фаза ќе ги игра во салата „Паламазола“ во Таранто.
По воведниот дуел против Грција на 20 август, следуваат пресметките со Турција, Алжир и Косово во последното коло.
Двете првопласирани репрезентации ќе обезбедат пласман во полуфиналето.
Македонската репрезентација за Таранто патува на 18 август и по втор пат во историјата ќе настапи на Медитеранските игри

Поврзани вести