Skip to main content

Во тек се преговори меѓу САД и Иран за намалување на тензиите во Ормуската Теснина

Пакистан, кој има улога на посредник во разговорите меѓу САД и Техеран, соопшти дека Вашингтон и Иран започнале преговори со цел намалување на тензиите во Ормуската Теснина.

„Во моментов се водат преговори меѓу двете страни, особено во однос на Ормуската Теснина, за да се намали напнатоста во регионот“, изјави портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи, Тахир Андраби. (МИА)

Поврзани вести