Skip to main content

Израел ги затвори граничните премини со Западен Брег и со Јордан

IDF

Израел го затвори единствениот премин со Западен Брег и сите премини кон Јордан, откако вчера јордански возач на хуманитарна помош отвори оган и уби двајца израелски војници.

Мостот Аленби ќе биде затворен до понатамошно известување. Овој премин е клучен трговски пат помеѓу Јордан и Израел и единствена премин за повеќе од три милиони Палестинци на Западниот Брег кон Јордан и кон свет.

Израел ги затвори и двата премина со Јордан односно преминот преку реката Јордан на север беше затворен, а преминот Рабин на југ остана отворен само за работници.

Сè уште ниту една група не презеде одговорност за вчерашниот напад а мостот Аленби.

Поврзани вести