Skip to main content

Ишиба: Јапонија не поседува, не произведува и не дозволува нуклеарно оружје на своја територија

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба ја завери заложбата на Јапонија кон нејзините долгогодишни принципи за неширење на нуклеарно оружје. Тој повторно истакна дека неговата држава нема да поседува, произведува или дозволува нуклеарно оружје на нејзината територија, пренесоа јапонските медиуми.

Во обраќањето по комеморативната церемонија по повод 80-годишнината од атомското бомбардирање на Хирошима, Ишиба децидно ја отфрли можноста Јапонија да се приклучи на нуклеарен сојуз со САД, сличен на оној во рамките на НАТО.

Сепак, тој ја подвлече потребата од зајакнување на ефикасноста на американскиот “нуклеарен чадор” под кој државата се наоѓа од крајот на Втората светска војна. Според него, ова не е во судир со стремежот за свет без нуклеарно оружје.

На 6 август 1945 година, САД фрлија атомска бомба врз Хирошима, при што до крајот на таа година загинаа околу 140,000 луѓе. За време на неговото обраќање, Ишиба нагласи дека актуелната меѓународна состојба е крајно напната, особено со оглед на тоа што земјите во регионот имаат нуклеарно оружје.

Како знак на неговата предаденост на мирот, премиерот го посети и Меморијалниот музеј за мир во Хирошима, кој ги документира уништувањата и последиците од нуклеарниот напад. Ова е прва посета на јапонски премиер на музејот од 6 август 2022 година.

Во 2023 година, за време на самитот на Г7 во Хирошима, музејот го посетија лидери на земјите-членки, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Франција – трите нуклеарни сили во групата.

Ишиба досега не објави кога ќе даде официјална изјава за претстојната 80-годишнина од предавањето на Јапонија, која се одбележува на 15 август. Капитулацијата на Јапонија пред осум децении го означи крајот на Втората светска војна. Овој датум традиционално се одбележува како завршеток на вториот глобален конфликт.

Денес, Ишиба изјави дека неговата држава “никогаш повеќе не треба да води војна”.

Поврзани вести