Skip to main content

Иранската Револуционерна гарда: Националната безбедност е нашата „црвена линија“

Freepik

Иранската Револуционерна гарда предупреди дека заштитата на достигнувањата на Исламската револуција од 1979 година и безбедноста на Иран претставуваат „црвена линија“, објави државната телевизија.

Оваа изјава доаѓа во моменти кога Исламската Република се соочува со едни од најмасовните антивладини протести во последните неколку години.

Претходно, со официјален став излезе и армијата, која порача дека ќе ги брани националните интереси, стратешката инфраструктура и државниот имот во контекст на актуелното протестно движење.

Поврзани вести