
Иранската новинска агенција (ИРНА) објави дека во израелските напади врз Иран загинале 18 лица, а 35 се повредени.
Единаесет локации беа подложени на брутални воздушни напади од страна на ционистичкиот режим, наведе ИРНА.
Претходно, иранскиот портал „Ноурњуз“ (Nournews) објави дека само во главниот град на Иран, Техеран загинале 78 луѓе, а 329 се повредени.