Skip to main content

Иран уапси 20 лица под обвинение дека биле информатори за Израел

Дваесет лица се уапсени во северозападен Иран поради обид за соработка со Израел, објави денеска агенцијата Тасним, повикувајќи се на соопштение од Канцеларијата на покраинскиот обвинител на Западен Азербејџан.

Тие се обвинети за испраќање информации до Израел за локациите на иранските воени и безбедносни средства.

Израел започна нова фаза на напади врз Иран, гаѓајќи ги безбедносните контролни пунктови врз основа на информации од свои луѓе на теренот, изјави за британските медиуми извор запознаен со израелската воена стратегија.

Поврзани вести