Skip to main content

Иран нема да го одобри создавањето транзитен коридор за Азербејџан преку ерменска територија, проект поддржан од Трамп

Советникот на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, порача дека Иран нема да го одобри создавањето на коридор на Кавказ, проект поддржан од американскиот претседател Доналд Трамп за поврзување на Азербејџан со неговата енклава Нахчиван преку ерменска територија.

Спроведувањето на овој заговор би ја загрозило безбедноста на Јужен Кавказ, а Иран нагласи дека, со или без Русија, ќе дејствува за да ја гарантира безбедноста на Јужен Кавказ. Исто така, сметаме дека Русија стратешки се противи на тој коридор“, изјави Али Акбар Велајати за иранска новинска агенција.

Според зборовит на американскиот претседаел, Доналд Трамп, спогодбата што ја постигнаа во Вашингтон азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан го завршува повеќедеценискиот територијален спор меѓу нивните земји.

Спогодбата предвидува создавање транзитна зона што минува низ Ерменија за да го поврзе Азербејџан со неговата енклава Нахчиван, што е долгогодишно барање на Баку.

Во тој стратешки важен регион богат со гас и нафта, САД ќе имаат право да развијат коридор наречен „Трамповиот пат за меѓународен мир и просперитет“.

Иран долго време се спротивставува на коридорот, плашејќи се дека ќе го отсече од Кавказ и ќе донесе странско, особено американско, присуство на неговата граница.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изутрината го поздрави мировниот договор меѓу Ереван и Баку, постигнат со посредство на Вашингтон, но предупреди дека е против „каква било странска интервенција“, со оглед на правата за развој дадени на САД во тој коридор во близина на иранската граница. 

Поврзани вести