
Индиска делегација предводена од министерот за надворешни работи, Субрахманјам Џајшанкар, ќе пристигне во Москва на 20 и 21 август на разговори за договор оклолу порамнувања на меѓудржавните плаќања во рупии.
Во текот на тие денови се планирани средби со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, а можеби и со Владимир Путин. Дневниот ред вклучува теми како енергетската соработка, попусти во купувањето руска нафта, посетата на Путин на Индија и ситуацијата во Украина.

Според „Тајмс оф Индија“, откако САД ги зголемија царините, Националната банка на Индија го забрза поедноставувањето на трговијата со директно плаќање со рупии и руби: поточно, регулаторот им дозволи на банките да отвораат посебни ностро сметки во рупии.