Skip to main content

Хорор снимки од Одеса: Русија изведе масовен напад со балистички ракети

Најмалку седум луѓе загинаа, а 15 се повредени во синоќешниот руски ракетен напад врз пристанишната инфраструктура во регионот Одеса, објави на Телеграм претседателот на воената администрација на Одеса, Олег Кипер.

Нападот бил извршен врз Пивдена, едно од трите пристаништа во областа Одеса.

Одеса е честа цел на руски напади откако Москва ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Интензитетот на нападите се зголеми изминатите денови, што често резултира со големи прекини во снабдувањето со електричната енергија.

Поврзани вести