Skip to main content

Хамас: Тврдењето на Израел за понижувачки церемонии за предавање на заложниците е лага и изговор

Палестинската група Хамас ја осуди одлуката на Израел да го одложи ослободувањето на палестинските затвореници, велејќи дека тврдењето на израелските власти за „понижувачките“ церемонии за предавање на заложниците на Хамас е лага и изговор за избегнување на обврските што произлегуваат од договорот за прекин на огнот во Газа.

Одлуката на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одразува намерен обид за раскинување на договорот, претставува јасно кршење на неговите одредби и покажува недостиг на сигурност на окупаторот во спроведувањето на своите обврски, izjavi Езат ал Рашк, член на политичкото биро на Хамас.

Израелските власти утрово соопштија дека го одложуваат ослободувањето на повеќе од 600 палестински затвореници како дел од размената со Хамас додека не добијат гаранции дека ќе бидат прекинати „понижувачките церемонии“ што Хамас ги одржува при предавањето на заложниците, пишува „Тајмс оф Израел“.

Во услови на повеќекратни прекршувања на Хамас – вклучително и церемониите кои го понижуваат достоинството на нашите заложници и циничното користење на нашите заложници во пропагандни цели – одлучено е да се одложи ослободувањето на терористите, што беше планирано за вчера, додека не се гарантира следното ослободување на заложниците, и без понижувачки церемонии, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во соопштение.

Поврзани вести