Skip to main content

Хамас: Сите болници на северот од Појасот Газа се надвор од функција поради засилената израелска окупација

mohammed-ibrahim-on-unsplash
mohammed-ibrahim-on-unsplash

Министерството за здравство на Хамас во Појасот Газа соопшти дека сите болници на северот од палестинската енклава се надвор од функција.

Израелската окупација ја засили опсадата“, се наведува во соопштението на министерството.

Нападите го спречуваат пристигнувањето на пациенти и медицински персонал, како  испораката на медицински материјали, поради што, како што се наведива, и индонезиската болница, главната медицинска установа на северот од територијата разурната од војната, мораше да се затвори.

Според новите податоци, од синоќа во израелските напади низ целиот Појас Газа убиени се најмалку 103 лица, соопштија болнички извори.

Поврзани вести