Skip to main content

Хамас: Луѓето во Газа ќе се кренат повторно и ќе ја обноват уништената територија

Палестинската група Хамас, која ја контролира Газа од 2007 година, во својата најнова порака вели дека Газа и нејзиниот народ „ќе се кренат повторно“ и дека ќе ја обноват територијата во голема мера уништена од израелските напади.

Газа, со својот голем народ и нејзината издржливост, повторно ќе се крене за да го обнови она што го уништи окупацијата и ќе продолжи по патот на непоколебливост додека окупацијата не биде поразена“, се вели во соопштението на Хамас објавено на вториот ден од прекинот на огнот во Газа, пренесе „Гардијан“.

Во соопштението тие наведуваат дека „во текот на 471 ден, систематските злосторства на окупацијата не успеаја да го одвратат палестинскиот народ и неговиот храбар отпор да останат на земјата и да се спротивстават на агресијата“.

Според здравствените власти на Газа, повеќе од 46.000 Палестинци се убиени во израелските напади, а голем број училишта, болници и друга инфраструктура се уништени во бомбардирањето.

Договорот за прекин на огнот вклучува и ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас, како и ослободување на голем број палестински атвореници, меѓу кои има жени и деца, од израелските затвори. 

Поврзани вести