Skip to main content

Хамас ја отфрла израелската „формулација“ за продолжување на примирјето во Појасот Газа

Хамас соопшти дека ја отфрла „формулацијата“ на Израел за продолжување на првата фаза од примирјето во Појасот Газа, чиј рок истекува денеска.

Портпаролот на палестинското движење Хазем Касем за телевизија Ал Арабија изјави дека во моментот во Хамас не се разговара за втората етапа од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа.

Договор за прекин на огнот во Појасот Газа помеѓу Израел и Хамас, постигнат во јануари, треба да се одвива во три фази. Во првата фаза предвидено е шестнеделен прекин на огнот, постепено повлекување на израелските сили од центарот на Газа и враќање на раселените Палестинци во северниот дел на енклавата, интензивирање на хуманитарната помош, и ослободување на израелските заложници и Палестинците од израелските затвори.

Во втората фаза треба да бидат ослободени сите преостанати заложници, вклучително и машки израелски војници, траен прекин на огнот и целосно повлекување на израелските војници.

Третата фаза се очекува да вклучи враќање на сите преостанати тела на загинати заложници и да почне обновата на Појасот Газа под надзор на Египет, Катар и ОН.

Поврзани вести