Премиерот на Гренланд, Муте Егеде, изјави дека гренландската влада би сакала самостојно да води преговори и да ги развива односите со странските земји.
Егеде, порача дека е уморен од присуството на данскиот амбасадор на состаноците со претставниците на другите земји.
Кога треба да разговарам со некој лидер на друга земја, морам да бидам до данскиот амбасадор. Во таков случај сакаме да имаме свој глас. Мислам дека тоа е легитимно, кога сакате да ја развивате вашата земја врз основа на вредностите што имаште“, изјави Егеде.
Тој, исто така, нагласи дека Гренланѓаните сакаат независност за да бидат „господари во својот дом“ и дека не сакаат да бидат ниту Данци, ниту Американци.