Skip to main content

Грабеж во Лувр, музејот затворен за посетители

Freepik

За време на отворањето на музејот Лувр во Париз изутрината се случил грабеж, соопшти француската министерка за култура Рашида Дати на својот профил на мрежата Икс.

Поради грабежот, донесена е одлука културната установа, музеј Лувр да се затвори за посетители од вонредни причини, се вели во соопштението за медиумите објавено од музејот на таа социјална мрежа, пренесува дневниот весник „Фигаро“.

Инцидентот наводно се случил во моментот кога првите посетители почнале да влегуваат во музејот, по што веднаш била распоредена полицијата, а посетителите биле предупредени да не влегуваат во музејот.

Поврзани вести