
Голем дел од Чешка остана без електрична енергија, објави операторот на националната електрична мрежа CEPS. Портпаролката Хана Климова потврди дека прекин има во поголемиот дел од земјата.
Премиерот Петр Фиала ја оцени ситуацијата како „вонредна и срамна“ во својата објава. Министерот за транспорт, Мартин Купка, соопшти дека железничкиот сообраќај е привремено прекинат во пет од 14-те покраини, вклучувајќи ја и Прага.
Причината за прекинот беше пад на далновод, по што снабдувањето со струја е веќе делумно обновено во поголем дел од погодените региони.
Метрото во Прага, кое привремено престана со работа, повторно беше активирано во рок од 15 до 30 минути, со што линиите А и Ц беа вратени во функција први, а линијата Б малку подоцна.
Чешката полиција истакна дека засега нема информации кои упатуваат на сајбер или терористички напад како причина за прекинот.