
Германските берзи во слободен пад по денешниот неуспех на конзервативниот лидер на Демохристијаните, Фридрих Мерц да освои потребно мнозинство во Бундестагот за да стане нов канцелар. Тоа претставува неочекуван пораз за негобвата нова коалицијата со социјалдемократите.
Индексот на берзата во Франкфурт (ДАКС) во 10:45 часот претпладнево падна за 1,12 отсто, односно на 23.076,58 поени, реагирајќи на ситуацијата која според пишувањето на медиумите сè уште не е забележана во историјата на германскиот парламент.
„Билд“ наведува дека никогаш досега не се случило именуван канцелар, по успешни коалициски преговори, да не биде избран во првиот круг на гласање.