Skip to main content

Францускиот министер за надворешни: Европа е способна да го заштити Гренланд од САД

.diplomatie.gouv_.fr

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека Европа е способна да го заштити Гренланд од САД.

Ова е европска територија која е под заштита на НАТО. НАТО, сојузниците на НАТО и европските земји се целосно способни да ја заштитат својата територија од каква било закана, без разлика од каде доаѓа“, порача Баро

Тој додаде дека, според него, „во овој дух“ делегациите на Данска и Гренланд разговарале со САД при посетата на Вашингтон.

Во меѓувреме, на Гренланд пристигна воена миија составена од војници од неколку земји од Европа.

Поврзани вести