
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека е прерано да се укинат санкциите врз Иран.
„Веруваме дека укинувањето на санкциите би било прерано“, изјави таа во Берлин на состанокот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и нејзината баварска сестринска партија, Христијанско-социјалната унија во Баварија (ЦСУ), додавајќи дека санкциите се воведени поради репресијата на Иран врз сопственото население.
Таа рече дека прво мора да има промена, фундаментална промена во Иран, за да бидат укинати санкциите.
Европската унија воведе санкции врз Иран поради неговата нуклеарна програма, развој на балистички ракети и кршење на човековите права.
Мерките вклучуваат ограничувања во трговијата, финансискиот сектор, енергетиката и замрзнување на средствата на поединци и институции поврзани со иранските власти.(МИА)

Македонски



