Skip to main content

Фицо бара разрешување на Каја Калас

Фејсбук профил на Роберт Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска побара разрешување на високата претставничка на Европската Унија за меѓународна политика, Каја Калас, оценувајќи дека Европската Унија „мора да се вразуми“.

Европската Унија поминува низ криза каква што никогаш порано не доживеала. Само силните ќе преживеат, економски, воено или енергетски“, рече Фицо.

Тој оцени дека, доколку ЕУ ги усвои пакетите санкции против Русија, тогаш требало да реагира на ист начин на постапките на Израел во Појасот Газа, наведувајќи дека ова е доказ за селективен пристап кон меѓународното право.

Тој ја повика ЕУ да престане да дејствува пасивно.

ЕУ има доволна економска и популациска моќ за да биде глобален играч, а не само набљудувач. Или ЕУ ќе стане суперсила, или само ќе гледаме што прават другите“, рече тој.

Според него, лидерите на ЕУ „знаат само дека ја мразат Русија“, но „тие не доаѓаат до свои решенија“.

Тој оцени дека некои земји сакаат да „ја ослабат Русија преку војна“, што не функционира.

Додека сум премиер, никогаш нема да испратиме ниту еден војник во Украина“, рече Фицо, додавајќи дека Словачка е подготвена да учествува во цивилни и хуманитарни проекти.

Поврзани вести