Skip to main content

Фајненшл тајмс: Политиките на Трамп предизвикаа најголема криза во односите меѓу САД и Јапонија за четвртина век

Facebook / Donald J. Trump
Facebook / Donald J. Trump

Цврстиот пристап на Трамп и неможноста на Јапонија да се прилагоди на него „создаваат растечки ризик од дестабилизирачко мешање на безбедносни, трговски и валутни прашања“, објавува „Фајненшл тајмс“ (ФТ), повикувајќи се на високи претставници од двете земји.

Како што забележуваат изворите на весникот, постојат невообичаено сериозно недоразбирање и недоверба меѓу Вашингтон и Токио.

Јапонските власти очекуваа да бидат ослободени од американските царини и беа разочарани кога тоа не се случи“, велат соговорниците на ФТ.

Според нив, сојузот Јапонија-САД ќе остане, но ресетирањето на односите сега е неизбежно, а новите услови ќе бидат показател за тоа што значи да се биде пријател на САД во 2025 година.

Проблемите се посериозни од одредена личност во администрацијата [на американскиот претседател]. Во Јапонија постои став дека ништо не е свето за тимот на Трамп; сè зависи од случајот“, за ФТ вели Кристофер Џонстон, експерт од консултантската компанија „Азија Груп“ и поранешен вработен во Белата куќа.

Тој верува дека односите меѓу двете земји се „веројатно во најлоша состојба во последната генерација од крајот на 1990-тите“.

Поврзани вести