Израелскиот весник „Ерусалем пост“, повикувајќи се на експерти, пишува дека тензиите меѓу Турција и Израел преминуваат во нова димензија по соборувањето на власта на Башар ал Асад во Сирија. Според експертите консултирани од весникот, судирот меѓу двете земји во регионот може да ескалира во директен вооружен конфликт.
Според весникот, зајакнувањето на позицијата на Турција во Сирија и нејзината географска близина со Израел носи потенцијал за нова криза во регионот. Желбата на Турција да ги потисне обидите на курдските групации ПКК/ИПГ за стекнување независност во Сирија е спротивна на политиката на Израел за нивна поддршка.
Можна воена конфронтација меѓу Турција и Израел се смета за без преседан на Блискиот Исток. Како што заклучува израелскиот весник, иако ваквиот развој на настаните би го шокирал регионот, не е нешто што може со сигурност да се исклучи.