
Во Истанбул стотици илјади луѓе синоќа петта ноќ по ред излегоа на улиците на најголемиот турски град за да демонстрираат против апсењето на градоначалникот Екрем Имамоглу, главниот политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Имамоглу беше приведен минатата среда заедно со повеќе од стотина политичари, новинари и бизнисмени и е осомничен по повеќе основи, вклучително и водење на криминална организација, помагање терористи, примање мито и местење тендери.

Турските власти вчера донесоа одлука за формално апсење на Имамоглу, кој ќе остане во затвор до почетокот на судењето наместо да се брани од слобода.