Skip to main content

ЕК следниот месец ќе објави конкретни предлози за ослободување од руските енергенси

Freepik

Европската комисија пред неколку недели презентираше Патоказ за постепено ослободување од руските енергенси и следниот месец ќе предложи конкретни логистички предлози и детално ќе опише како да се постигне таа цел, изјави денеска портпаролката на ЕК за климатска акција и енергија Ана-Кајза Итконен.

Нејзината изјава претставуваше одговор на новинарско прашање дали Европската комисија побрала од Софија да ги прекине преговорите со руски „Газпром“ за транзит на руски гас „преку Бугарија кон Македонија и Србија и потоа од Србија кон Босна и Херцеговина и кон Унгарија“.

Нема да коментирам за деталите за случајот што го споменавте се додека не бидат презентирани логистичките предлози, рече Итконен, додавајќи дека во оваа фаза ќе се воздржи и од коментари на преговорите и на трети земји со Русија, вклучително и на склучениот договор на српска компанија со „Газпром“.

Таа истакна дека новите предлози, што ќе бидат објавени за неколку недели, само ќе претставуваат продолжение на долгогодишната политика на ЕУ за диверзификација на изворите на енергија, со тоа што сега ќе се работи на целосно ослободување од рускиот гас и другите енергенси.

Поврзани вести