
Министерството за надворешни работи на Данска соопшти дека дански државјанин загинал во Украина.
Во соопштението се информира дека загинатиот имал 22 години, без да бидат дадени дополнителни детали.
Министерството за надворешни работи е запознаено со шест Данци кои исчезнале или загинале на фронтовската линија за време на војната“, се наведува во соопштението на министерството.
На социјалните медиуми и на некои медиуми е објавена фотографија од загинатиот дански платеник.


Македонски






