
Светските букмејкери нудт понуди за обложување на средбата меѓу рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп. На пример, една од можностите на која може да се обложува е тоа колку долго ќе се ракуваат рускиот и американскиот лидер и дали ќе се прегрнат. Веројатноста претседателите да се прегрнат е само 10%.
Во меѓувреме, 26% од корисниците се обложуваат дека ракувањето меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп ќе трае повеќе од 10 секунди. 27% се уверени дека претседателите ќе се ракуваат 4-6 секунди, а 24% се обложуваат на 2-4 секунди. Други 13% веруваат дека ракувањето ќе трае од 6 до 8 секунди.
99% веруваат дека Трамп ќе го пофали Путин. Од друга страна, веројатноста дека шефот на Белата куќа ќе изрази незадоволство кон рускиот претседател се проценува на само 17%.
Шансите тој да каже „Русија/Украина“ повеќе од 15 пати се 71%, „прекин на огнот“ повеќе од три пати се 72%, „секундарни тарифи“ или „санкции“ – 70% и „БРИКС“ или „НАТО“ повеќе од двапати – 72%.
Во пресрет на средбата, прес-секретарот на Путин, Дмитриј Песков изјави дека се очекува разговорите меѓу Путин и Трамп да траат најмалку 6-7 часа.