
Портпаролот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во Турција, Омер Челик, изјави дека Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху мора да биде соборена од власт бидејќи претставува закана за регионалниот мир и за животите на луѓето.
Говорејќи на Меѓународниот самит за стратешки комуникации (Stratcom Summit) 2026 во Истанбул, Челик ја нарече актуелната израелска власт „мрежа за геноцид“. Тој посочи дека барањата на Тел Авив за промена на режими во соседните држави се директно кршење на меѓународното право и водат кон глобален хаос.
– Ако не ви се допаѓа режимот на некоја држава и почнете да ја бомбардирате, целиот свет ќе потоне во хаос. Начинот на кој се пристапува кон безбедноста на Израел не смее да биде само со фразата „Израел има право на одбрана“, бидејќи тоа го охрабрува Нетанјаху кон уште поголеми масовни убиства – истакна Челик.

Македонски



