
Според најнови сателитски снимки, Cеверна Кореја веројатно го конструира можеби најголемиот и најнапредниот воен брод досега во нејзиниот воен арсенал. Проценките се дека бродот веројатно е двојно поголем од било што друго во поморската флота на земјата.
Сликите, направени од независните сателитски провајдери „Maxar Technologies“ и „Planet Labs“, го покажуваат бродот во изградба во водата во бродоградилиштето Нампо на западниот брег на Cеверна Кореја, на околу 60 километри југозападно од главниот град Пјонгјанг, објави Си-Ен-Ен.
Се проценува дека бродот би можел да биде фрегата со наведувани ракети (FFG). Сликите покажуваат тековна изградба на оружје и други внатрешни системи на бродот. Според аналитичарите, бродот е дизајниран да носи проектили во вертикални цевки за лансирање за употреба против цели на копно и на море.