Skip to main content

Белгија пронајде форматенат во замрзнати јагоди од Србија

Freepik

Белгија издаде предупредување дека е пронајден форматенат во замрзнати јагоди од Србија, објавено е на веб-страницата на Европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна (RASFF).

Како што е наведено, консумирањето на тоа овошје би претставувало сериозен ризик за здравјето на луѓето, е наведено на веб-страницата на RASFF.

Ова не е првпат оваа година Белгија да се соочи со проблем со овошје од Србија. Во јануари, пронајде кадмиум во замрзнати малини од Србија, беше објавено претходно на веб-страницата на Европскиот систем за предупредување за храна.