Skip to main content

Баро: Путин може да дојде во Европа само ако потпише итен прекин на огнот во Украина

screenshot

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин може да дојде во Европа само ако потпише договор за итен прекин на огнот во Украина.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатата недела соопшти дека наскоро ќе се сретне со Путин во Будимпешта за разговори за ставање крај на војната во Украина.

За американските власти е корисно да можат да разменуваат мислења за да го следат дијалогот со руските власти. Но, најавената посета на Владимир Путин во Европската Унија би имала смисла само доколку доведе до итен и безусловен прекин на огнот, изјави Баро пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Луксембург, каде што ќе се разговара за Украина и Блискиот Исток.

Поврзани вести