Skip to main content

Бајден дели ордени: Папата Франциск доби претседателски медал на слободата

Американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговарал со папата Франциск и притоа му соопштил дека му доделил „претседателски медал на слободата“ со дистинкција, соопшти Белата куќа.

Бајден претходно овој месец вакви Претседателски медали на слободата им додели на 19 луѓе, но ова е првпат во неговиот мандат да го додели медалот „со дистинкција“, што е повисоко ниво на Претседателскиот медал на слободата.

Претседателскиот медал на слободата е највисокото цивилно признание на нацијата, доделено на поединци кои дале исклучителен придонес за просперитетот, вредностите или безбедноста на САД, светскиот мир или други значајни општествени, јавни или приватни потфати“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Оваа недела Бајден го откажа патувањето во Рим, каде што требаше лично да се сретне со папата, поради катастрофалните пожари во Калифорнија.

Поврзани вести