Skip to main content

Автомобил удри во неколку лица во Ајндховен, двајца повредени

Автомобил удри во неколку луѓе на улица во Ајндховен западно од центарот на градот при што се повредени две лица. Инцидентот се случил по конфликт, соопшти локалната полиција.

Околу три часа по инцидентот, полицијата соопшти дека се верува дека автомобилот најмалку двапати удрил во учесниците во конфликтот.

Многу работи се сè уште нејасни, а истрагата за точните околности и причините е во тек, велат тие.

Возачот сосе автомобилот, бел Фолксваген Т-рок со белгиски регистерски таблички, избегал веднаш по судирот и се уште се води како исчезнат.

Полицијата веќе уапсила две лица на местото на настанот. Едниот е осомничен за упатување закани, а другиот, според полицијата, „многу се мешал при апсењето што и тој бил уапсен“.

Портпаролот на полицијата не знае колкава била групата во која удрил автомобилот, ниту пак во каква состојба се повредените. Исто така, не е јасно дали во автомобилот имало едно или повеќе лица.

Поврзани вести