Skip to main content

Човек фатен како си истовара вреќи и кутии ѓубре во најчистата македонска река – Радика

принтскрин

Спортското риболовно друштво „Трофта“ од Дебар на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како маж застанува со возило на мост на реката Радика, од истото вади вреќи и кутии полни со ѓубре и ги фрла со реката.

Ова е реката Радика – една од најчистите и најубавите реки во Македонија. Да фрлаш ѓубре во реката не е „ништо страшно“ – тоа е срам и непочитување кон природата, рибите и нашата иднина. Радика не е место за ѓубре, стои во описот на видеото.

Поврзани вести