
Цените на угостителските услуги во август годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за 3,7 отсто. Во однос на претходниот месец, пак, се зголемени за 0,6 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – август 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3,0 отсто, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 1,3 отсто.

Македонски


